Видено: Сенки над Балканот (1. сезона)
IMDB.COM9.5
FILMSTART.SI8.4
Позитивно
  • глума
  • интересно поставување
  • сценарија ...
Негативно
  • празнини во сценаријата
  • клишеи
  • "suspension of disbelief"
9Bкупна оценка
Ocena bralcev: (2 Votes)
10.0

Име: Сенки над Балканот
Премиера: 7. 1. 2018 (Планет ТВ)
Жанр: кримич, трилер
Држава: Србија, Македонија, Русија, Босна и Херцеговина
Глумат: Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Ненад Јездиќ, Гордан Кичиќ, Небојша Дугалиќ, Срѓан “Жика” Тодоровиќ, Тонз Михајловски, Горан Богдан
Режија: Драган Бјелогрлиќ, Срѓан Спасиќ, Коста Ѓорѓевиќ, Мирослав Лекиќ, Данило Беќковиќ, Игор Иванов Изи, Иван Живковиќ


ОПИС:

Во руска црква во Белград убиен е православен свештеник. Убиецот е еден од козаците, кои после октомвриската револуција се нашле во Кралството СХС. Меѓутоа убиството сака да му го намести на важни лица од локалната мафија, која со Русите се такмичи во трговијата со опиумот …


ФИЛМСТАРТ. РЕЦЕНЗИЈА:

Сенките над Балканот се хет-трик на Драган Бјелогрлиќ, со кој во својата родна Србија и во поширокиот простор на поранешната заедничка држава стекнал големи одобрувања. Случајот го зафатил како режисер, сценарист и главен глумец, инспекторот Андра Танасијевиќ “Тане”. Покрај другите глумци од поранешниот заеднички простор соработувале исто така и Словенците, на чело со Мањифико, кој за серијата ја напиша музиката, и Sebastian Cavazza – или, “пишувај како што зборуваш”, Себастијан Каваца – улогата, ако може да им се верува на медиумите,  му донесе голема популарност …

Копродукцијата е поставена во периодот на 1928 година, во просторот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, кое е претходник на Кралството Југославија. Главните мотиви ги претставуваат 1. светска војна, октомвриската револуција, комунизмот, сепаратистичките тензии, трговијата со афиумските суровини … а исто така и темите по идолот на историските фикции, кои се подмукли (масонски) организации и изгубени симболи. Интересна е употребата на вистинските историски ликови, кои го формирале историскиот период и простор. Така, помеѓу другите, се појавуваат министерскиот претседник Петар Живковиќ, шпиунот Мустафа Голубиќ, генералот Пјотр Врангел, принцот Ѓорѓе Караѓорѓевиќ, адвокатот Анте Павелиќ, професорот Арчибалд Рајс и – референцијата не остана незабележана – Киро Глигоров, покасно прв претседник на Република Македонија. Секако дека тука се и ликовите кои се или потполно измислени, или произлегуваат од карикираното прикажување на вистинските личности.

Се подразбира дека тука глумците се најмногу, што може серијата да понуди. Невероватно е, какви таленти произлегуваат од некогашната заедничка држава, а воедно е комично да се набљудува, како целиот свет ја следи поделбата на наградата оскар, каде е за главна машка улога номиниран некој Тимоти Шаламе, кој во споредба со глумците, како што е профилот на Војислав “Воја” Брајовиќ, е вистинско џуџе. Стварно Бјелогрлиќ си ја загарантирал главната улога, која и сосема солидно ја прикажа, меѓутоа со епизодите се прикажаја и многу други глумци, кои пуштија поголем впечаток. Тука се Андрија Кузмановиќ со улогата на инспекторот Плетикосиќ, Ненад Јездиќ како Кројач, главниот негативец Гордан Кичиќ, Небојша Дугалиќ (Живковиќ), стално извонредниот Срѓан “Жика” Тодоровиќ, Македонците Тони Михајловски и Никола Ристановски, долго отсутниот Жарко Лаушевиќ (принц Ѓорѓе), Бојан Навојец (Павелиќ) … Секој одлично ја прикажува својата темна (од. светла, зависно од фигурата) страна што покрај зголемувањето на напнатоста против крајот на епизодата е една од главните драматурски особини на актуелната телевизиска продукција.

Серијата и покрај големата амбициозност не се заплетува во себе, бидејќи сценаријата  останува стално комплексна, а исто така и јасна, додека тука доаѓа до израз и единствениот балкански хумор. Има некои клишеи и празнини, а посебно искуството на гледачот е повеќе пати зависно од т. н. “suspension of disbelief”. Од опиот зашеметениот инспектор Танасијевиќ е веќе првиот клише – да се потсетиме само на Фредрик Ебрлајн (From Hell) или на John W. Thackery (The Knick). Тешко можиме да му поверуваме на шармот на низкиот Бјелогрлиќ, кој својата улога многу вешто ја искористил за тоа, да се позабавува со младата и убава Марија Бергам (ддр. Маја Давидовиќ), чија интелегенција и фаталност тешко може да се прифати. Кога сме веќе кај неубедливите претстави, да го истакнеме ликот на Себастијан Каваца, Габриел Махт, чиј претерано груб глас повеќе би бил за во реклама за “Schweppes”, а можеби го “надминува” само Јана Стојановска, поранешна мис на Македонија, во улогата на Јована.

Пилотната епизода била пилотна епизода, намената за тоа, да достигне гледаност на поголем број на гледачи, a буџетот е буџет и како таков е ограничен. Барем на Балканот, иако се работи за копродукција. Тоа се гледа и во сиромашниот избор на надворешните локаци за снимање, иако вели Мириќ дека Београд е „велеград„. Јатаган мало повеќе делува како селце, а не како страшна четврт. Просторот пред полициската станица е премногу провизоричен. Акциските сцени се недоволни и се подкрепуваат на успорени снимки, а по друга страна е многу очигледна употребата на посебните оптички ефекти, меѓутоа продукциските резерви никако не се такт со кој би можеле да ја оптоваруваме серијата.

Иако одредени ликови добиваат епилози, приказната останува отворена, кое нешто произлегува од предупредувањето/известувањето “крај на ПРВАТА сезона”. Апотекарот по заслуга на силите од врвот стигнал уште подалеку и им ветил одмазда на учесниците во неговото апсење, а сеуште го очекуваме доаѓањето на кралот Александар, бидејќи припремата на неговиот атентат е сигурно една од главните теми на веќе потврдената друга сезона, која би требало да се прикаже во наредната година. Бјелогрлиќ има намера да ги прикаже настаните до почетокот на другата светска војна, така да во никој случај не треба да се грижиме дека ќе недостасува разноличноста.

O avtorju

Nik Beseničar
Copy Editor & Copy Writer

Obožujem dobre filme. O njih zelo rad debatiram, zato se me je v bolj "laičnih" krogih prijel sloves filmskega poznavalca in filmofila. Prijatelji me radi vprašajo, kateri film jim priporočam. Zaradi omenjenega in zaradi dejstva, da pisanje spodbuja razmišljanje, sem se pridružil ekipi Filmstart. Ko ne gledam filmov, sem sicer sveže pečeni zdravnik, ker pa ta poklic za razliko od filma domišljiji ne pušča ravno odprte poti, je projekt Filmstart zame toliko bolj dobrodošel.

Podobni prispevki

Pošlji komentar

avatar
  Subscribe  
Obvesti me